05:36 - 3 април, 2026

Почина српскиот актер Жарко Лаушевиќ

Еден од најпознатите актери во регионот, Жарко Лаушевиќ (63) почина денеска по кратко и тешко боледување.

Тажната вест ја соопшти неговата сопруга Анита Лаушевиќ со кратко соопштение до медиумите.

„Јавноста ќе биде навремено известена за датумот и местото на погребот“, се наведува во соопштението.

Жарко Лаушевиќ е роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње, а дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Бил член на Југословенско драмско позориште каде што има остварено улоги во голем број на претстави.

На филм дебитирал во 1984 во филмот „Прогон“, а истата година остварува значајни улоги во филмовите „Савамала“ и „Директен пренос“.

Голема популарност добива со улогата на Шиља во телевизиската серија „Сиви дом“.

После тоа играл улоги во повеќе од 20 филмски и телевизиски серии помеѓу кои се: „Шмекер“, „Свечена обврска“, „Се случи на денешен ден“, „Офицерот со роза“, „Браќа по мајка“, „Битка на Косово“, „Оригинален фалсификат“, „Кажи зошто ме остави“, „Нож“.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....