4.8 C
Скопје
00:19 - 14 март, 2026

Почина младата инфлуенсерка Јоси Марија: Беше мотивација за многу девојки кои се борат против анорексијата!

Instagram

Инфлуенсерка Јоси Марија починала поради срцева слабост за време на одмор со пријателите на островот Гран Канарија.

Јоси со години се борела со анорексија, а починала во сон, додекаа се одмарале со нејзината пријателка, само неколку дена откако ѝ признала дека се плаши од смртта, пренесува „The Sun“.

Instagram

Младата германка станала популарна на социјалната мрежа Инстаграм откако започнала јавно да зборува за проблемите предизвикани од анорексијата – нарушување во исхраната и колку тоа и го уништило здравјето, но очигледно нејзиното тело веќе било многу истоштено и не можело да издржи.

Instagram
Instagram


Не сакам да бидам една од оние кои умираат од анорексија. Анорексијата не се однесува само на физичкот изглед, таа е во главата. Не се работи секогаш само за тоа дека сакате да бидете слаби, тука има многу повеќе: изведба, потврда, самоконтрола, е само една од објавите која Јоси ја има споделено како мотивација за нејзините следбеници на нејзиниот Инстаграм профил, особено за кои се соочувале со истиот проблем.

 – Испи само две кафиња и тоа едвај. Покрај тоа, таа ми рече дека два дена пред тоа не можела ништо да јаде, изјавила нејзината пријателката Вања Росова за германски DE24 News.

Instagram
Instagram

Кога пристигнале на Канарските острови, двете отишле да одморат, но кога Вања се разбудила, сфатила дека Јоси не дише и дека починала.

Јоси имала голема поддршка од интернет заедницата затоа што отворено зборувала за сите неуспешни обиди да се избори со анорексија, но и дека не се откажува, а на тој начин ги мотивирала другите кои се борат со нарушувања во исхраната.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....