7.8 C
Скопје
19:53 - 20 февруари, 2026

Почина Лукреција Брешковиќ, актерката која е најпозната по улогата во „Вила Марија“

Хрватската актерка и пејачка Лукреција Брешковиќ почина денеска на 84-годишна возраст. Уметницата се школувала во Дубровник, а дипломирала солистичко пеење на Музичката академија во Загреб. Започнала да настапува како студентка како член на ансамблот „Музика нова“ и како солист во загрепскиот театар „Комедија“, пишува „Вечерњи лист“.

Со ислучителна музикалност и сценски ефективна актерска игра, таа прво изведувала споредни улоги, а потоа почнала да добива и улоги, во познатите оперети како „Сплитски акварел“ од Иво Тијардовиќ и „Грофицата Марица“ од Емерих Калман.

Нејзината кариера ја одбележаа многу телевизиски и филмски улоги, а една од нив е улогата на добрата слугинка Магда во серијата „Вила Марија“, која се емитуваше и во Македонија пред дваесетина години.

„Омилен период ми беше од 70-тите до 80-тите години, што беше златното доба на хрватските мјузикли и пеев во секој од нив. Уживав. Бев учесник во нешто што штотуку се создаваше со прекрасна екипа предводена од Владо Стефанчиќ, а секоја премиера беше светска премиера. Ги поминав сите жанрови.

Почнав со оперета, пеев во комични опери, потоа ме апсорбираше телевизијата, каде бев актерка во филмови и серии, а интензивно ја проучував и современата музика. Навистина одев на сè. Сè што ми преостанува е да се обидам да бидам кловн. Не сум го пробала тоа, но сакам затоа што ме возбудуваат“, рече таа во интервју за „Вечерњи лист“ во 2014 година.

Слични објави

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.
Се вчитува....