08:19 - 3 април, 2026

Почина легендарната српска актерка Радмила Живковиќ, ја паметиме од „Зона Замфирова“ и „Госпоѓа министерка“

Легендарната српска актерка Радмила Живковиќ почина на 72-годишна возраст во Белград, потврдија од Народниот театар.

Ќерката на Радмила, Бојана Бамбиќ, исто така актерка, ја потврди веста за смртта на својата мајка и побара од медиумите да ја почитуваат приватноста на семејството во овие тешки моменти.

Радмила Живковиќ починала во болница по долго и тешко боледување.

Со текот на годините, Радмила Живковиќ постигна импресивна кариера во актерството, а публиката имаше можност да ја види во многу остварувања.

Легендарната Радмила Живковиќ ќе ја паметиме како Дока од „Зона Замфирова“, Ѓилда од „Среќни луѓе“, Ибољка од „Улицата на липите“, Јованка Љутиќ од „Пристигнуваат доларите“… Радмила оствари улоги и во филмовите „Сок од сливи“, „Посебен третман“, „Вариола вера“, „Уште овој пат“, „Збирен центар“, „Секогаш спремни жени“, „Полтрон“, „За покојникот сè најдобро“, „Ледина“…

Таа се истакна како Живка во претставата „Госпоѓа министерка“ во режија на Јагош Марковиќ.

Како театарска актерка, Радмила Живковиќ играла во Ателје 212, Театар Теразиjе, Театар Звездара, Народен театар во Белград.

Добила бројни престижни награди, како што се наградата „Жанка Стокиќ“, Златна арена во Пула, Царицата Теодора во Ниш и други.

 

Слични објави

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.
Се вчитува....