0.8 C
Скопје
02:53 - 13 март, 2026

По 50 години: Али Мекгроу и Рајан О’Нил евоцираа спомени од снимањето на „Љубовна приказна“

Поминаа педесет години откако светот ја виде премиерата на романтичниот филм „Љубовна приказна“, па по тој повод главните протагонисти Рајан О’Нил и Али Мекгроу, се сретнаа и се потсетија на тоа време.

Брзо поминаа 50 години. Толку не сум бил во врска со ниту една поранешна сопруга – се пошегува Рајан.

принтскрин/Yputube

Филмот ја раскажува приказната за момче и девојка, кои потекнуваат од различни општествени класи и се вљубуваат, но нивната љубов на крај завршува трагично. Ерик Сигал, кој ја напиша истоимената книга за двајцата студенти од Весли колеџот, се потпиша и како режисер на филмот.

Плачев како луда – изјави Али за моментот кога го читала сценариото, додека Рајан се потсети дека на по првата пробна сцена, му се пофалил на еден пријател дека бакнежот со Али бил толку страстен, што е сигурен дека ја добил улогата, за подоцна пријателот да му открие дека Али така ги бакнувала сите.

Сепак, хемијата меѓу главните актери во филмот беше толку голема, што таа е една од причините поради која тој опстана 50 години како најдобар љубовен филм. Иако не очекувале од студиото „Парамаунт“, филмот по седумте номинации за Оскар и заработка од 130 милиони долари, ги спаси од пропаст.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....