06:05 - 6 април, 2026

Ова не го доживеала ниту една ѕвезда: Фановите на Јелена Карлеуша сакаат да ја однесат на луксузен одмор!

Јелена Карлеуша има страствени обожаватели кои навистина ја ценат и почитуваат нејзината кариера и личност. Пејачката не ни претчувствува дека нејзините фанови ѝ подготвуваат скап и значаен подарок по повод 30 години на сцената. Како што дознава „Курир“, неколку од нејзините најголеми фанови сакаат да ја изненадат со патување на луксузна дестинација и таму да поминат мини одмор заедно со неа.

Идејата е веќе во тек на реализација, а наскоро и самата Карлеуша ќе дознае што ја очекува.

Неодамна таа се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на фановите и публиката кои ѝ испратиле подарок на домашна адреса:

„Ви благодарам на сите за прекрасните честитки по повод 30 години кариера. Ви благодарам на моите верни фанови кои секогаш се до мене како штит од секое зло, и поради кои траам толку долго. Едвај чекам да видите што ви подготвувам како голема благодарност за сите овие години со мене“, напиша пејачката, придружено со осум срца.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....