00:57 - 7 април, 2026

Откажан првиот голем концерт на Николија: Пејачката се огласи видно вознемирена!

Првиот солистички концерт на популарната пејачка Николија Јовановиќ, кој беше најавен за 29 август, е откажан, како и настапот на пејачот Адил Максутовиќ, закажан за 5 септември.

Организаторите преку својата партнерска фирма задолжена за продажба на карти соопштија дека сите концерти на стадионот „Ташмајдан“ за оваа година се одложуваат до понатамошно известување.

„Важно објавување! Се одложуваат сите концерти на ‘Ташмајдан’ закажани за 2025 година. Поради поставување на тревнат терен, со што настанаа технички неможности за реализација, сите концерти ќе бидат одложени. Новите термини ќе бидат навреме соопштени, а публиката ќе има можност да ужива следната сезона. Ви благодариме на разбирањето и поддршката“, стои во соопштението.

Пејачката, која со нетрпение го очекуваше својот прв голем настап, видно вознемирена ја сподели објавата на организаторите и накратко порача: „Додека се соберам… ќе оставам само овој репост денес“, придружено со емотикон со солзи.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....