21:39 - 5 април, 2026

Огњен Амиџиќ синоќа ја прекина емисијата точно на полноќ поради сопругата Мина!

Српскиот водител Огњен Амиџиќ ненадејно ја прекина синоќешната емисија „Амиџи шоу“ поради роденденот на својата сопруга Мина.

Кога часовникот покажал полноќ, Огњен им се обратил на сите присутни гости и открил дека ја прекинува емисијата.

– Ќе ве замолам за секунда внимание. На мојата сопруга ѝ е роденден и сакам да ѝ честитам со една песна – рекол Огњен, по што добил громогласен аплауз.

– Мирза ќе ја испее, песната се вика „Мина“ – додал водителот, а Селимовиќ се фатил за микрофонот.

Сите присутни очигледно уживале во музиката, а по завршувањето на песната Амиџиќ ја продолжил емисијата.

– Ти благодарам, навистина прекрасно испеа – заклучил Огњен смеејќи се.

Да потсетиме, Мина и Огњен неодамна добија син на кој му го дадоа името Перун, а гордата мајка често објавува фотографии од Перун и нивното прекрасно семејство и истакнува дека малиот Перун е ист како татко му Огњен.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....