6.8 C
Скопје
20:33 - 12 март, 2026

НОВИ ДЕТАЛИ ОД ПОТРАГАТА ПО МАРИЈАНА ОД „ГОЛЕМИОТ БРАТ“: Телефонот и личните документи на побеничката од реалното шоу пронајдени кај мостот!

Интензивната потрага по Маријана Зајферт, попозната како победничката во регионалното реално шоу „Големиот брат“, чие исчезнување го пријавил нејзиниот сопруг, продолжува и денеска.

Според неофицијални информации на хрватските медиуми, вчера во текот на денот на неколку стотини метри од нејзиниот дом биле пронајдни нејзини работи, детално претресено е целото маало, како и просторот околу реката Сава. Според „Јутарњи“, потрагата и денеска ќе продолжи во тој дел, а ќе се прегледува и со дрон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Espreso. rs (@espreso.rs)


Kако што соопшти нејзиниот сопруг Карло, Маријана исчезнала од домашната адреса на улицата „Ластовска“ во Загреб среде ноќ. Во моментот на исчезнувањето, Маријана била облечена во кратка жолта маица, црна спортска јакна, црни хеланки со бело-црвени шари и светли патики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Espreso. rs (@espreso.rs)


Според последните информации пронајдени се нејзиниот мобилен телефон и паричникот со документи покрај мостот Младост во близина на населбата каде поранешната ѕвезда живее со сопругот. Полицијата детално го пребарува просторот, а повремено користи и дрон, информираат хрватските медиуми.

„Не се знае ништо. Се чувствувам лошо. Моментално сум дома, морам да се погрижам за децата“, вели нејзиниот сопруг Карло. Тој и Маријана добија дете во 2020 година, а таа има и 14-годишна ќерка од првиот брак.

Маријана пред една деценија беше најозборуваната личност на овие простори откако во популарното шоу „Големиот брат“ јавно пред камерите го изневери тогашниот сопруг со српскиот пејач Никола Немешевиќ Немеш со кого подоцна кратко беше и во брак.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо
Се вчитува....