11:22 - 1 февруари, 2026

Несреќа за време на снимањето на „Гладијатор“: Повредени неколку лица

За време на снимањето на продолжението на култниот филм „Gladiator“ во саботата биле повредени неколку лица.

Како што пренесуваат странските медиуми, шест лица кои биле вклучени во продукцијата биле повредени за време на снимањето на продолжението на филмот оскаровец од 2000 година. Луѓето се лекуваат од изгореници по несреќа на снимање во Мароко.

„За време на снимањето на планираната каскадерска сцена на сетот на продолжението на „Gladiator“, се случи несреќа во која неколку членови на екипата се здобија со повреди кои не се опасни по живот“, изјави портпаролот на Paramount Pictures во изјава за CNN.

Екипите задолжени за безбедност и лекарска помош веднаш интервенирале и повредените ги донеле во стабилна состојба и сега се на лекување.

„Босостојбата на актерската екипа е од најголема важност за нас, и имаме строги здравствени и безбедносни процедури во сите наши продукции. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и да ги преземаме сите неопходни мерки на претпазливост додека продолжуваме со снимањето“, наведе портпаролот на Paramount Pictures.

Ова продолжение го режира Ридли Скот, кој беше одговорен и за првиот филм, а актерската екипа ја сочинуваат Кони Нилсен, Дерек Џејкоби, Пол Мескал, Педро Паскал, Дензел Вашингтон и Џозеф Квин.

Премиерата на филмот се очекува во ноември 2024 година.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо
Се вчитува....