14:01 - 10 април, 2026

Ненадејно почина српскиот пејач: Имаше 51 година, а сите го знаат од „Ѕвездичките на Пинк“

Пејачот Никола Николиќ Џони почина на 51-годишна возраст, а од него се простуваат неговите блиски. Тажната вест е соопштена на социјалните мрежи.

Музичката сцена во Ужице доживеа огромна загуба по смртта на Никола Николиќ Џони на 51-годишна возраст, еден од најважните и најсакани членови на заедницата.

Џони се занимаваше со поп-рок музиката повеќе од 20 години. Имал повеќе изданија за „Меџик рекордс“ и ПГП РТС.

Беше препознатлив по моќниот глас, а покрај талентот за пеење, важеше и за еден од најталентираните музичари на српската сцена.

Џони бил родум од Ужице, роден на 19 декември 1973 година и уште од мали нозе покажал склоност кон музиката. Низ децениите, тој стана не само пејач, туку и мултиинструменталист, а неговата енергија и талент одбележаа бројни концерти и музички проекти во неговиот роден град.

Неговата смрт остави длабока празнина меѓу пријателите, колегите, но и бројните обожаватели кои го следеа и поддржуваа низ годините. Веста за неговата смрт е соопштена преку Инстаграм, а социјалните мрежи се преплавени со пораки за жалење и сеќавање на уметникот кој со својата музика и присуство збогати многу животи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OGLASNA TABLA (@oglasnatabla)


– Многу тажна вест. Нашиот Никола Николиќ – Џони нè напушти. Ужице и Србија останаа без голем музичар и уметник, но пред сè, добар човек. Искрено сочувство до семејството. Ужице тагува – се наведува во соопштението.

Џони беше познат не само по својот музички талент, туку и по својата топлина и подготвеност да ги поддржува младите музичари и да учествува во бројни хуманитарни проекти.

Никола учествуваше и во „Пинкови ѕвездички“ каде со својот величенствен глас ги воодушеви сите членови на жирито.

Слични објави

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin

Погледнете како изгледа скапоцениот стан на Николија во Атина, подарок од мајка ѝ Весна Змијанац

E.A.

Сите мислеа дека е бизнисмен полн со пари – откриено е со што се занимава момчето на Дара Бубамара

E.A.

„Не јаде, не пее, не честита“: Еве како изгледа празникот во домот на Ана Бекута без нејзиниот Мрка

E.A.

Дневен хороскоп за 10 април: Бидете трпеливи

apostolova
Се вчитува....