11.8 C
Скопје
19:03 - 10 март, 2026

„Не сум ѝ поранешен сопруг на Драгана Мирковиќ“: Тони Бијелиќ шокираше со изјавата за разводот

Развдот на Тони Бијелиќ и Драгана Мирковиќ е главна тема во естрадните медиуми, а сега бизнисменот повторно успеа да ги збуни сите кога изјави дека не е поранешен сопруг на пејачката.

Имено, Тони Бијелиќ преку адвокат му се обратил на еден хрватски портал за објавување на текст со наслов: „Децата и се најголема поддршка: Драгана се огласи по натписот за аферата меѓу Тони Бијелиќ и Мелина Џиновиќ“.

Поднасловот на тој текст гласел: „Откако нејзиниот поранешен сопруг Тони Бијелиќ отпатува во Монако, каде, на крајот на краиштата, се наоѓа и Мелина Џиновиќ, најголемата поддршка на пејачката Драгана Мирковиќ ѝ се децата“, а како што тврди бизнисменот, тој се уште не е поранешен сопруг на Драгана Мирковиќ, а се поставува прашањето дали парот воопшто се развел.

„Веќе во самиот наслов на написот стои дека г. Тони Бијелиќ е во врска со Мелина Џиновиќ (поранешната сопруга на Харис Џиновиќ ), додека во поднасловот се тврди дека тој е ‘поранешен сопруг’ на пејачката Драгана Мирковиќ. Во написот се наведува дека г. Бијелиќ отпатувал за Монако, каде што веќе е Мелина Џиновиќ, што дополнително го зајакнува впечатокот дека двајцата се во љубовна врска и дека престојуваат заедно во Монако“, се вели во соопштението.

„Опишаните информации објавени на порталот се невистинити и клеветнички, вклучително и навредливи тврдења за Тони Бијелиќ: како личност која има ‘љубовна врска’ со Мелина Џиновиќ и како поранешен сопруг на пејачката Драгана Мирковиќ. Ги истакнувам овие навредливи невистини од статијата:

1. дека Тони Бијелиќ не е поранешен сопруг на пејачката Драгана Мирковиќ;

2. дека Тони Бијелиќ не е во никаква прељубничка врска со Мелина Џиновиќ и не отпатувал во Монако поради неа“, се вели во изјавата на адвокатот.

Слични објави

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо
Се вчитува....