8.8 C
Скопје
02:21 - 18 март, 2026

„Не може да ги гледа заедно“: Џенифер Лопез е во агонија поради блискоста на Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Актерката и пејачка Џенифер Лопез не е среќна што постојано гледа фотографии од нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бен Афлек, и неговата поранешна сопруга, актерката Џенифер Гарнер. Гарнер поминува многу време со поранешниот партнер, што делумно поради насловите во медиумите ги подгрева шпекулациите дека актерот има чувства кон неа, пренесува „Пејџ сикс“.

Изворот тврди дека фотографиите на Гарнер и Афлек биле „сол во раната“ за Лопез откако пред неколку недели го финализираше разводот со актерот. „Оваа ситуација целосно ѝ пречи“, открил изворот.

Гарнер и Афлек се венчаа во 2005 година, а се разведоа во 2015 година. Во бракот имаа три деца: Вајолет (19), Серафина, која го смени името во Фин (16) и Семјуел (12). Според познатите информации, семејството неодамна уживало во макенбал во Лос Анџелес, а снимката на која Афлек се гушка со Гарнер ја налутила Лопез, вели извор.


Снимката беше направена минатиот викенд кога поранешната двојка го прослави 13. роденден на синот Самјуел. На видеото се гледа како Афлек во еден момент ја фаќа својата поранешна сопруга за половината, што натера многумина да се запрашаат дали има шанси да се вратат заедно.

Сепак, друг извор го тврди спротивното. Според него, Лопез е фокусирана на нејзиниот претстоен филм на Нетфликс, „Романса на работа“ („Office Romance“).

„Јас се сомневам Џенифер ги прочитала овие наслови бидејќи е опседната со филмот. Таа е целосно фокусирана на својот живот, нејзиниот раст и нејзината среќа“, рече тој.

Иако Гарнер е во врска со бизнисменот Џон Милер од 2018 година, Афлек и Гарнер поминуваат сè повеќе време заедно и стануваат сè поприврзани.

„Тие поминуваат повеќе време заедно од кога било, особено по разводот на Бен од Џенифер Лопез и пожарите во Лос Анџелес“, сподели извор претходно.

„Тие го делеа старателството и беа пријателски расположени кога станува збор за ситуации во кои се вклучени нивните деца, но со текот на годините тие навистина изградија блиско пријателство и на многу начини се на иста страна. Тие мислат дека е од корист на сите да имаат добри односи, вклучително и себеси и нивните деца“, додал изворот.

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....