14.8 C
Скопје
12:04 - 10 март, 2026

Наводно бил отруен! Почина продуцентот на Нетфликс, Лин Чи

Лин Чи, претседател на кинеската компанија „Јузу груп“ и продуцент кој работеше на ТВ-серијата „Проблемот со три тела“ на „Нетфликс“ почина на 39-годишна возраст.

Како што пренесува „Мирор“, кинескиот тајкун Лин Чи наводно бил отруен од неговиот соработник. И полицијата потврди дека еден од колегите на Лин е главниот осомничен за смртта на продуцентот. Засега е објавено само презимето на наводниот убиец – Ксу (39), кој се наоѓа во притвор.

Странските медиуми пишуваат дека кинескиот продуцент најверојатно бил отруен по извршената поделба на власта, што очигледно не им се допаднало на сите инволвирани страни – отровот бил подметнат во шолја со чајот Пу-ер (Pu Erh), кој инаку е многу популарен во традиционалната кинеска медицина, бидејќи, меѓу другото, помага кај дигестивниот тракт (варењето), се користи во лекувањето на атеросклероза, настинка, крвавење и хепатитис, а исто така содржи и високо ниво на витамин Ц.

Несреќниот продуцент по труењето веднаш бил пренесен во болница. Неговата состојба била оценета како стабилна на почетокот, но, во петокот, за жал, починал, објави „Каиксин глобал“.

Според CNN, сега се испитува дали Лин некој го отрул намерно. Еден од колегите на Лин беше приведен во Шангај, а властите соопштија дека првпат биле предупредени за труењето на 17 декември.

Слични објави

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin

Рушка Јакиќ и Вања Булиќ проговорија за „вонбрачното дете“: „Веднаш ја повикав неговата сопруга“

E.A.

Бресквица се огласи по тврдењето дека Лука Дончиќ се разведува поради неа: „Јас сум виновна за сè?“

Еспресо
Се вчитува....