4.8 C
Скопје
14:24 - 21 февруари, 2026

(Фото+видео) „Навечер се будам и плачам“: Никол Кидман призна дека често размислува за смртта!

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се најде на насловната страница на списанието „Џеј-кју“ и проговори за тоа колку животот ѝ се сменил откако навлегла во своите педесетти години. Актерката призна дека често се буди во солзи бидејќи размислува за сопствената смрт.

„Смртност и поврзаност. Животот доаѓа и те погодува. Губење родители, растење деца, брак и сите оние работи кои ме прават исклучително емотивна личност. Таков е животот. Дефинитивно, животот е патување и те погодува како што старееш. Тоа се оние будења во три часот наутро, кога плачеш и тешко дишеш“, изјави актерката.

Фото: Инстаграм/„Џеј-кју“

Таа додаде дека губењето на родителите и растењето на децата ѝ го промениле нејзиниот поглед на животот.

„Постои овој аспект на смртноста со кој кога ќе се соочите со него, тешко е да се справите. Кога воспитувате деца, велите: „Морам да останам жив. Сакам да го видам сето ова“. Многу е тешко, но во исто време убаво и извонредно“, објасни актерката, чија мајка Жанел почина во септември оваа година, на 84-годишна возраст.

Фото: Инстаграм/„Џеј-кју“

Кидман жали што нејзината мајка не успеала да го изгледа нејзиниот последен филм „Малечка“ („Babygirl“) и серијата „Совршениот пар“ („The Perfect Couple“).

„На некој начин, таа беше мојот компас. Нејзиото заминување за мене беше како да сум ја изгубила таа поддршка во животот. Но, во исто време си помислив: Во ред, тогаш ова е за неа. Она што таа најмногу го посакуваше за мене и сестра ми беше да пораснеме во жени кои можат да го искажат својот став и да имаме можности, особено бидејќи таа и жените од нејзината генерација го немале тоа“, изјави актерката, додавајќи дека мајка ѝ била горда на нејзината актерска кариера.

„Таа беше покрај мене низ сите подеми и падови, низ сето тоа. Нејзината суштина беше движечка сила во текот на мојот живот“, заклучи Кисман за „Џеј-кју“.

Слични објави

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо
Се вчитува....