10.8 C
Скопје
17:58 - 24 февруари, 2026

„Можеш ли воопшто да платиш?“: Гоца Тржан донела шокантна одлука и ја испишала ќерката од приватното училиште

Ќерката на пејачката Гоца Тржан, Лена Маринковиќ, го привршува средното образование, а пејачката отворено проговори за нејзиниот образовен пат и за одлуките што ги донела како мајка кога станува збор за школувањето на своето дете.

Во едно неодамнешно гостување, Гоца откри зошто Лена, на 11-годишна возраст, го прекинала образованието во приватно училиште и се префрлила во државно основно училиште.

„Искрено верував дека приватното училиште нуди супериорно образование, но со текот на времето сфатив дека тоа не е секогаш така. Лена првите четири одделенија ги помина во приватно училиште, каде што беше заштитена и изолирана. Во моментот кога се преселивме во друг дел од градот, сфатив дека таа нема другари од маалото, дека ја носи возач, дека не знае каде е локалната пекара или продавница и дека ѝ недостасува вистинскиот контакт со реалниот живот“, раскажа Гоца.

Таа додаде дека одлуката да ја запише Ленa во државно училиште, на само неколку стотини метри од домот, била клучна за нејзиното созревање.

„Првиот ден беше тежок, се плашеше затоа што никого не познаваше. Но, уште истиот ден се врати дома со нови другарки. Наскоро почна да излегува со децата од маалото и израсна во здрава, самостојна личност“, истакна пејачката.

Говорејќи за идните планови, Гоца откри дека Лена моментално ја завршува четвртата година во XV белградска гимназија и размислува за понатамошно образование. Таа изрази став дека не е наклонета кон приватни факултети, освен ако навистина не нудат квалитет.

„Би сакала да студира, затоа што образованието е важно, особено за една млада жена. Но, не мислам дека приватниот факултет автоматски значи квалитет. Имаме одлични државни универзитети. Ако сака знаење, ќе го најде. А ако ја интересира занает или конкретна професија – и тоа е во ред“, рече Гоца.

Според неа, Лена има изразени афинитети кон општествените науки и работа со луѓе.

„Би била одличен психолог, правник или професионалец за човечки ресурси. Има емпатија, комуникативна е и многу зрела за своите години“, заклучи пејачката.

Слични објави

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо

Поднесени 3 кривични пријави против Десингерица откако на настапот во Врање донел живо јагне

apostolova

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Е.А.
Се вчитува....