8.8 C
Скопје
02:33 - 18 март, 2026

„Ми ја одби“: Дечкото на Данијела Мартиновиќ ѝ напишал песна, таа не сакала да ја испее

По разделбата со Петар Грашо, хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ е во среќна љубовна врска со поранешниот криминален инспектор Јосип Плавиќ.

По 16-годишна пауза, поранешниот инспектор повторно се обедини со неговиот средношколски бенд „Изван закана“ и тие го најавија новиот студиски албум со песната „На киши плешем“.

Во изјава за „24 сата“, Плавиќ открил дека оваа песна, првично, ја напишал за неговата сакана, но дека таа одбила да ја испее.

„Ѝ ја пуштив песната на Данијела додека сѐ уште беше во демо верзија. Во тој момент, мене ми делуваше совршена за женски вокал бидејќи никогаш не сум компонирал, ниту сум пеел балади. Откако ја преслуша неколку пати, таа ми рече: ‘Оваа песна е различна и, некако, твоја. Мислам дека треба да ја снимиш со твојата група’. Не мораше многу да ме убедува“, изјави тој.

Да потсетиме, Данијела Мартиновиќ и Јосип Плавиќ се запознале кога пејачката доживеала лошо искуство со кражба на идентитет преку интернет, кое во полиција го пријавил нејзиниот адвокат. Сѐ започнало со еден телефонски повик, што очигледно морал да се случи и ја споил со криминалниот инспектор, кој брзо го разрешил случајот со колегите.

Откако се запознале, поминале многу време разговарајќи, откриле дека споделуваат исти вредности, погледи за животот и светот околу нив.

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....