01:42 - 6 април, 2026

„Ми дојде крајот“: Ера Ојданиќ заврши во болница, го разбудила болка во градите и гушење

Ера Ојданиќ ги игнорирал симптомите и сè му го припишал на заморот.

Му бил дијагностициран висок крвен притисок и бил советуван да мирува.

Пејачот Ера Ојданиќ има добро здравје, па буквално се паничи кога ќе се разболи. Тоа се случило сега, а тој поради болката не можел да ја тргне раката од стомакот.

Како што пишуваат српските медиуми, на Ера нагло му се слошило среде ноќ, поради што побарал лекарска помош.

– Ера никогаш не се жали и навистина се држи како момче, поради што многумина му завидуваат. Меѓутоа, во последно време се чувствуваше малаксано, но тоа го припишуваше на заморот и не му придаваше важност. Легнал да спие и во текот на ноќта се разбудил со болка во градите, се гушел и вели дека не се сеќава дека некогаш му било толку лошо – открива изворот.

– Кога не попуштало, отишол во болница каде што сфатиле дека неговиот крвен притисок е многу висок. Му дале инфузија, направиле дополнителни тестови и дури по три часа го пуштиле дома. Му рекле дека мора да мирува. Никогаш немал проблеми со притисокот, па затоа бил изненаден кога лекарите му ја соопштиле дијагнозата. Вели дека му било толку лошо што помислил дека умира кога си рекол себеси „Ми дојде крајот“. Се исплашил, не му било сеедно – рекол пријателот на Едо за „Свет“.

 

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....