13:14 - 15 ноември, 2026

Марија Шерифовиќ се отрула со храна на патување: „Едвај преживеав ноќеска, ми беше многу тешко“

Пејачката Марија Шерифовиќ, откако официјално ја прекина соработката со „Гранд“, реши да си подари одмор и да го замени врелиот белградски асфалт со луксузна летна дестинација.

На одмор замина заедно со својот полубрат Даниел Павловиќ, но таму ги снајде непријатност – се отруле со храна.

Како што откри Марија во нејзиниот најнов влог, откако јаделе во познат ресторан за брза храна, во текот на ноќта ѝ се слошило, а истите симптоми ги имал и Даниел.

– Имам да кажам дека ноќеска едвај преживеав, ми беше многу тешко и никогаш повеќе не одам таму. Како да јадевме камења, не помогнаа ни кисела вода, ни сода бикарбона, фуј – раскажа пејачката.

За среќа, Марија и Даниел сега се чувствуваат добро, а труењето не оставило посериозни последици. Веќе следниот ден продолжиле со одморот и уживањето.

Слични објави

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova
Се вчитува....