00:24 - 11 јануари, 2026

Мајка му на Новак Ѓоковиќ откри што сакаат внуците: „Бабо, сакаме обични палачинки, а не безглутенски“

Дијана и Срѓан Ѓоковиќ обожаваат да поминуваат време со своите внуци Стефан и Тара, а во една прилика мајката на Новак откри што најмногу сакаат да прават внуците кога доаѓаат кај баба и дедо.

„Многу сум среќна што имам внуци, што ми ги дадоа Стефана и Тара. Можеби не поминуваме со нив онолку време колку што би сакале, но тоа што го минувам навистина многу ми значи и некако ме враќа во детството, во периодот кога моите деца беа мали, кога можеби јас немав време да си играм со нив. Не сум тука да ги воспитувам, така ќе кажат мама и тато, тука сум да уживам со нив и можеби понекогаш да им ги дозволувам некои работи што родителите не им ги дозволуваат, но тоа е шармот“, изјави Дијана во емисијата „Додека ангелите спијат “.

„Ги гледам, но не толку често затоа што имаат многу обврски“, изјави таткото на Новак, Срѓан.

Познато е дека Новак и неговата сопруга многу се грижат за исхраната, а Дијана раскажала што бараат нејзините внуци да им готви.

„Секогаш кога имаМЕ време се трудиме да се видиме, да одиме на езеро, да шетаме… Доаѓаат кај нас, за внуците да ја почувствуваат топлината на домот на нивните баби и дедовци. Тие ги сакаат моите познати палачинки. ТИЕ СЕКОГАШ МИ ВЕЛАТ: ‘Бабо, подготви ни палачинки!’, а потоа ги прашувам: ‘Кои ги сакате, безглутенските или нормалните?’, а Стефан вели: ‘Бабо, нормалните. Батали ги безглутенските’“, низ смеа изјави тогаш Дијана.

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.
Се вчитува....