17:34 - 27 август, 2026

Маја Шупут „плива“ во милиони: Сопственичка е на две компании и е една од најплатените пејачки во регионот

Хрватската пејачка Маја Шупут со години важи за една од најатрактивните и најпопуларните ѕвезди на регионалната музичка сцена. Иако денес е позната по својот луксузен животен стил, многумина ја паметат од нејзините помлади денови како весела црвенокоса девојка полна со енергија, која ја освојуваше публиката со своите настапи и харизма.

Освен музичката кариера, пејачката успешно води два приватни бизниси, поради што се рангира меѓу најбогатите пејачки на Балканот. Според порталот Index.hr, нејзините компании оствариле промет од 5,9 милиони куни само во 2022 година, што е повеќе од 800.000 евра.

Компанијата Морска дива“, чиј сопственик и директор е таа, е задолжена за управување со нејзината музичка кариера, а во 2022 година остварила приходи од 518.312 евра и нето добивка од 241.969 евра. Интересно е што оваа компанија има само еден вработен.

Друга компанија, која Маја ја водеше заедно со нејзиниот поранешен сопруг Ненад Татаринов, се занимаваше со продажба на нивната козметичка линија. Во 2022 година, оствари промет од околу 275.000 евра, со профит од 30.000 евра.

Слични објави

Мелина Џиновиќ направила скандал во Монте Карло поради чанта во престижен бутик: „Почна да вика, колешката поради голем стрес мораше да земе боледување“

Т.Ц.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е перзистентниот форамен овале

Еспресо

Љубовни искри од сцената: Анета Љумаковска со сопругот на „Охрид фест“ – песната „Срцево те бендиса“ веднаш влегува во уво

Еспресо

Богатството на Доли Партон се проценува на 450 милиони долари: Кој ќе ја наследи империјата?

Т.Ц.

Нина Бадриќ донираше дел од хонорарот на семејство кое изгуби сè во пожарот во Омиш

apostolova

Маја Вукиќевиќ објави фотографија со Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски: „Легенди кои вечно ќе живеат во нашите спомени“

Еспресо
Се вчитува....