13:03 - 3 април, 2026

Луна Ѓогани оперирана поради ендометриоза: „Не можев да функционирам – болките беа неподносливи“

Луна Ѓогани била итно оперирана пред две недели, а дури сега откри што точно се случило.

Имено, Луна била оперирана пред еден месец, но јавноста дотогаш ништо не знаела.

„Не сакам да споделувам некои работи, но еве сега ќе раскажам. Пред околу еден месец, нешто ми се промени на лузната од царскиот рез и почна силно да ме боли. Буквално се случи преку ноќ, не можев да функционирам – ни со децата, ни дома, не можев да се наведнам, да седнам, да легнам – почна Луна, па продолжи:

„Прво отидов кај гинеколог, кој ме упати кај хирургот кај кого бев и кога имав тумор на дојка. Тој тогаш направи сѐ што можеше и е одличен доктор. Му објаснив што се случува, дека не можам нормално да функционирам, па ми направи ултразвук. Мислев дека е хернија, така изгледаше – како некоја израсток над резот на стомакот“.

„Ми направија ултразвук и ми открија ендометриоза на матката. Со хирургот решивме дека мора да се оперира и така и направивме. Пред две недели, во среда, бев оперирана – отидов наутро, ме оперираа, останав една ноќ и следното утро се вратив дома. Не ми беше пријатно што мораа да го отворат делот од резот, но преку него го извадија тоа нешто. На контрола ќе дознаам точно дали била ендометриоза или нешто друго, бидејќи и тоа беше можно“, изјави таа.

Луна призна дека Марко многу ѝ помогнал, како и нејзините родители.

„Седум дена не можев добро да се движам, но откако ми ги извадија конците, се почувствував како да сум оживеала. Сѐ уште имам болки, но на ултразвук ќе се види дали сѐ е во ред. Немав потреба да зборувам за ова, не сакам да се жалам, ниту пак луѓето да знаат премногу. Секогаш има и полоши случаи, затоа е важно на време да се оди на преглед и да се проверува телото“, рече таа во влогот на Јутјуб-каналот што го имаат со нејзиниот сопруг.

Инаку, Луна Ѓогани и Марко Милковиќ се родители на две ќерки, а поранешната ријалити учесничка еднаш зборуваше и за можноста да посвои дете.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....