18:35 - 2 април, 2026

Љубов како од филм: Николија и Реља се бркале низ град, а на Врачар паднал првиот бакнеж

Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ со години важат за еден од најстабилните и најпопуларни парови на балканската сцена. Иако се постојано под лупа на јавноста, нивниот однос останува силен, интимен и исполнет со љубов.

Неодамна предизвикаа вистинска бура на социјалните мрежи со новата песна и провокативниот спот. Додека едни ги критикуваа еротските сцени, други ги фалеа што по толку години сè уште ја негуваат страста.

Фото: Инстаграм/Николија

Реља и Николија се запознале млади, уште додека тој беше дел од групата „Елитни одреди“. Заедно ја снимија песната „Алкохола литар“, по што се раѓа и нивната врска. Иако внимателни со медиумите, понекогаш откриваат детали од љубовната приказна која денес ја надополнуваат нивните две ќерки – Реа и Хана.

Реља вели дека уште на почетокот почувствувал нешто посебно, а низ годините научиле како да градат доверба, пријателство и семејство. Николија, пак, се сеќава на романтичен момент од првото излегување, кога спонтано запеале стихови еден на друг.

Фото: Инстаграм/Николија

Интересна е и нивната приказна за „трка со коли“ низ градот – тој ја бркал, таа бегала – сцена како од романтична комедија. Првиот бакнеж се случил некаде „погоре од Врачар“, каде денес живеат со ќерките.

Иако не се формално венчани, велат дека тоа не ја менува длабочината на нивната врска. Тие веруваат дека тајната на среќата е во заедничките вредности, искрената комуникација и љубовта.

„Кога има љубов, сè друго е полесно“, вели Николија.

Слични објави

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо
Се вчитува....