00:52 - 13 април, 2026

Леонардо Дикаприо во нова хуманитарна мисија

Американскиот глумец Леонардо Дикаприо се придружи во кампањата за поддршка на најстариот резерват на природата во Африка, по минатомесечниот смртоносен напад на чуварите на горилата во националниот парк „Вирунг“ во Конго.

Националниот парк „Вирунг“ е популарна туристичка атракција. Резерватот е познат како живеалиште на загрозени видови планински горила. Во април годинава од заседа беа убиени 12 чувари, а се претпоставува дека нападот го организирала паравојната група од Руанда.

Дикаприо одлучил финансиски да помогне на новооснованиот фонд, чија цел е да пружи потпора на обновата на паркот.

„Earth Alliance“, групацијата во чие основање учествувал и глумецот, донирала околу два милиони долари.

„Ми беше голема чест да ги запознаам храбрите членови на тимот на резерватот „Вирунг“ во нивната борба против илегалното вадење нафта во 2013 година“, рече глумецот, кој беше извршен продуцент на филмот „Вирунг“ од 2014 година, номиниран за Оскар.

„На Вирунг итно му се потребни средства за заштита на загрозените видови планински горила, како и за помош на чуварите и на семејствата на загинатите кои биле на должност. Многу е важно во време на оваа гоема криза да се држиме заедно“, рече Дикаприо.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....