-3.2 C
Скопје
00:55 - 18 декември, 2025

Камерон Дијаз проговори за мајчинството во 40-та година: Морам да го доживеам 107-от роденден! (ВИДЕО)

Камерон Дијаз (48), која се повлече од Холивуд пред шест години и се посвети на своето семејство, беше гостинка во емисијата „Без филтер на Јутјуб“ на познатата манекенка Наоми Кембел. Ѕвездата на филмовите „Маска“ и „Чарлиевите ангели“ зборуваше за деновите кога и самата беше манекенка, а ја допре и темата за мајчинството.

„Имав 16 години кога влегов во светот на модата. Искрено, само сакав да побегнам од Лонг Бич, Калифорнија, да се оддалечам што е можно повеќе! Мислам дека многу девојки фантазираат за моделирање, бидејќи тоа навистина нуди многу добри можности – може да патувате, да заработувате пари, да правите работи за кои мислевте дека никогаш нема да ги направите“, рече убавата Камерон, додавајќи дека завршила во Холивуд сосема случајно.

„Менаџерот ме испрати на аудиција каде бараа некој за улогата на секси модел. Имав менструација и не сакав да се облекувам – облеков фармерки и му реков на агентот дека ќе се пријавам за улога на новинар. Но, исклучително љубезниот режисер сакаше да се вратам на аудиција како и да е – отидов дома, се облеков и добив улога во „Маска“, се присети Дијаз.

Кога Наоми ја праша дали размислува да се врати во Холивуд, таа одговори: „Ако се вратам, луѓето ќе речат„ еве ја новата-стара актерка на сцената! “… Но никогаш не кажувај никогаш“.

Камерон, која во декември 2019 година ја доби својата прва ќерка Радикс, со нејзиниот сопруг, музичарот Бенџи Меден (41), се шегуваше и во емисијата за сопственото мајчинство во нејзините доцни 40-ти.

„Повеќето луѓе го прават тоа сосема поинаку – тие се мажат и создаваат семејство додека се млади, а јас ја чекав втората половина од мојот живот! Сега сум под притисок да морам да го доживеам барем мојот 107 роденден!“, рече Дијаз.

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....