13.8 C
Скопје
16:24 - 22 март, 2026

Како се храни Џенифер Лопез?

Фитнес-тренерот на Џенифер Лопез, Трејси Андерсон, пред извесно време откри како латино дивата успева да ја си ја одржи формата.

Јаде исклучиво органска храна

– Нејзината исхрана мора да биде многу здрава, бидејќи ѝ е потребна енергија за сè она што го прави. Сè е органско и добро осмислено, со многу висококвалитетни протеини и храна богата со хранливи материи – објасни нејзиниот тренер .

Пие вода во текот на целиот ден

Хидратацијата е толку многу важна за пејачката што зазема цела категорија во нејзината ултрачиста исхрана (нејзината исхрана вклучува овошје, зеленчук, протеини, масти, јаглехидрати и вода, според нејзиниот тренер Дод Ромеро.

– Пие најмалку седум чаши дневно вода и веќе подолго време избегнува кофеин и алкохол – вели тој.

Избегнува преработена и вакумирана храна

– Свежо е свежо. Нема ништо преработено, само протеините во прав во пијалакот – вели Трејси Андерсон.

Нејзин главен извор на протеини се белки од јајца, бело мисиркино месо, пилешки прсти и говедско месо. Исто така јаде и риба поради протеините и омега-3 и омега-6 масните киселини. Си допушта и една рака ореви секој ден поради мастите.

Чинија полна со зеленчук

Посебно е интересно тоа што исхраната на Џенифер Лопез се темели на зеленчук, но не јаде баш сè подеднакво. Нејзиниот избор е лиснат зеленчук, а избегнува морков и пченка поради тоа што содржат повеќе шеќер. Лопез ги исклучува сложените јаглехидрати во оброците како што се слаткиот компир, кафеав ориз, оризов леб и овесова каша.

Џенифер одржува рамнотежа

Латино-дивата покрај тоа што има дисциплиниран однос кон исхраната,  сите потреби ги прилагодува на „нормалниот живот“.

– Таа е личност која знае да постигне рамнотежа, така што никогаш нема да го пропушти Денот на благодарноста или празниците со децата – вели Андерсон.

– Во текот на годините ја научив важноста на здравата исхрана. Сè уште јадам некоја храна што ја сакам, но умерено – изјавила Џенифер за еден магазин.

Бира здрава храна и во ресторан

– Многу сум друштвена личност и сакам да поминувам време со своето семејство и пријателите, па кога ќе излеземе некаде да јадеме, се трудам да одберам здраво. Поголемиот дел од рестораните имаат на менито здрава храна, така што го одбирам она што е соодветно на мојот животен стил. Уживам во салати или риба со зеленчук и се трудам да пијам многу вода за време на оброкот – додава Џенифер.

Од што се состои нејзиниот оброк?

Појадок:
Протеинско смути: протеински прашок, јагоди, малини, боровинки, грчки јогурт, цимет, мед, коцки лед и свежо исцеден лимонов сок.

Ручек:
– До ручек умирам од глад – вели Џеј Ло.

Ужина:
Постојано е во движење, па со себе носи овошје и зеленчук.

Вечера:
Кога е во прашање вечерата, преферира протеини.
– Тоа има вкус како ориз и грав со кои пораснав. Така што сакам прасечко и пилешко, посебно на порторикански начин – додава пејачката.

Слични објави

Еве што се случува со имотот на Видој по помирувањето на Николина Пишек и Миша Гроф

Еспресо

„Има проблем да се одвои, со него сум и во тоалет“: Марија Шерифовиќ со детали за односот со синот Марио

Еспресо

(Фото) „Тато и неговите наследници“: Богдана објави неодолив момент од Вељко Ражнатовиќ со синовите во Русија

Еспресо

(Фото) Ја нарекуваат босанската Адријана Лима: Младата водителка на временска прогноза станува сè попопуларна

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

Мистериозниот дечко на Дара Бубамара со приватен авион пристигна во Црна Гора од Дубаи

Еспресо
Се вчитува....