06:26 - 6 април, 2026

Јелена Карлеуша откри зошто е скарана со Марија Шерифовиќ: „Тоа беше последната капка во чашата…“

Јелена Карлеуша, која деновиве престојува во Македонија, каде на 19 октомври ќе одржи голем солистички концерт во Скопје, гостуваше во поткаст. Таа меѓу другото зборуваше и за пропаѓањето на бракот со Душко Тошиќ, за аферата со Огњен Врањеш, но и за крајот на пријателството со колешката Марија Шерифовиќ.

Откако Карлеуша ги напушти „Ѕвезде Гранда“ нивната врска се заладила, а сега поп дивата ја откри причината за раскинувањето на пријателството со Шерифовиќ.

– Ме повреди тоа… Бев покрај неа и во добро и во лошо, секогаш ѝ бев голема поддршка во текот на кариерата и ја сметав за пријателка, но секогаш кога имаше некој проблем поврзан со мене, таа не беше поддршка за мене. Последната капка за мене и Марија беше кога и се допадна еден многу грд коментар на Твитер, каде што бев навредувана. Првиот лајк беше нејзин – откри Јелена Карлеуша и додаде:

– Тоа беше само последната капка кога се работи за неа. Јас секогаш бев таа што ѝ даваше комплименти, ја поддржував, и ја фрлав „топката“ во Звезде Гранда за да може да врати… Еве сега таа како мене нема, веќе ја нема таа функција, не е тоа, тоа. Таа веќе нема добар соговорник. Тоа што се случи се случи, јас само ја подвлеков линијата – вели Карлеуша.

Јелена Карлеуша за преписката на Душко и Северина: „Направи од него будала“

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....