7.8 C
Скопје
01:07 - 31 март, 2026

„Јас не стојам зад ова!“: Нина Бадриќ жртва на измама, горко одговори на Инстаграм!

Хрватската пејачка Нина Бадриќ ги предупреди своите следбеници за измама која кружи низ интернет просторот.

На својата инстаграм-сторија, музичката ѕвезда објави преписка со нејзина обожавателка, која ѝ посочила дека постои наводно интервју во кое Бадриќ тврди дека ослабнала со некаков препарат за слабеење.

„Драга Нина, те поздравувам. Кружи видео во кое даваш интервју и велиш дека си ослабнала со помош на некаков кето прав. Ако сакаш да ми одговориш, дали тоа видео е монтажа? Затоа што во него ги нарекуваш идиоти луѓето кои не вежбаат“, ѝ напишала жената.

„Верувам дека сте доволно паметни да процените кои вести се лажни. Ако не сте го виделе тој производ на мојот официјален профил, тогаш веројатно треба да ви е јасно дека јас не стојам зад тоа“, ѝ одговори Бадриќ.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....