3.8 C
Скопје
06:54 - 17 март, 2026

Инспирирана од вистинска приказна: Слушнете ја „Аман“, новата љубовна песна на Антониа Гиговска

Познатиот продуцент Роберт Билбилов заедно со Антониа Гиговска, инспирирани од вистинска животна приказна, создадоа ново музичко дело. Насловот на новата нумера на Антониа е „Аман“, а доаѓа како инспирација од една смс-порака која гласела:

„Мислев ти си ми таман, ама испадна аман“.

Токму оваа порака била доволна за продуцентот Билбилов ја направи оваа одлична композиција, а Антониа да ја пренесе таа емоција на публиката. Песната е веќе објавена на сите музички платформи.

„Аман се случи многу спонтано … Тоа е песна која зборува за однос кој веќе е скршен и никогаш повеќе не може да биде ист. Некогаш премногу очекуваме, па се разочаруваме. Пресреќна сум што ова е моја прва соработка со Роберт, а за мене веќе е успешна. Спотот кој го режираше маестралниот Даниел Јовески. Се надевам дека „Аман“ ќе допре до сите!“ – вели Антониа.

Напомнуваме, „Аман“ е првата песна од вториот студиски албум на Гиговска насловен „Жена“.

Инаку за новата песна уште пред повеќе од еден месец беше снимен и видеоспот во далечниот Египет, каде Антониа со својот тим од соработници отпатуваа на неколку дена, а како сето тоа изгледа во „пакет“, погледнете од видеото подолу:

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....