34.9 C
Скопје
16:30 - 6 август, 2026

Игор Којиќ првпат се огласи по разводот: Со фотографија покажа како навистина се чувствува!

Игор Којиќ, син на фолк-пејачот Драган Којиќ Кеба, на почетокот на годинава се ожени со 15 години помладата Софија Даќиќ. Нивниот брак, кој започна далеку од очите на јавноста, траеше само пет месеци.

Според информации од блиски извори, иницијатор за раскинувањето била Софија, поради сè почестите несогласувања во последните два месеци од заедничкиот живот.

Иако се венчаа во јануари, планираа и црковна свадба, која не се одржа поради Божиќниот пост. По разводот, Игор објави фотографии на социјалните мрежи од дружење со пријател на рафтинг, со што покажа дека се обидува да се насочи кон позитивните страни од животот.

Фото: Скриншот

Во последно време објави и реклама за луксузна вила во Тиват, што покажува дека му се посветил на бизнис-проектите.

Нивната свадба била скромна и се одржала во општина Нов Белград, каде што беа првиот пар што стапил во брак таа година. Софија, активна на ТикТок, често објавуваше заеднички моменти со Игор и неговите родители.

Игор и Софија, поради сè почестите недоразбирања, решиле секој да тргне по свој пат. Како што дознава „Курир“, Софија била таа што ја донела конечната одлука.

„Во почетокот сè беше како бајка, изгледаше како љубов на прв поглед. Софија беше толку заљубена во Игор што веднаш прифати да се омажи за него, по кратко запознавање. А Игор? Тој беше толку фасциниран од неа, што беше подготвен целосно да ѝ се посвети и да си го промени животот. Се венчаа во јануари, на изненадување на нивните семејства, и првите месеци живееја идилично, што се гледаше и од нивните објави на социјалните мрежи. Софија редовно објавуваше фотографии со Игоровите родители, а често и му готвеше омилени јадења“, раскажал извор за „Курир“.

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац позираше како балерина и им испрати моќна порака на жените: „Живејте според вашите стандарди“

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Улогата на пробиотиците во здравјето на цревата

Еспресо

(Видео) Не се одвојува од синот – Анастасија Ражнатовиќ сподели сладок момент од сопругот Немања и нивниот син

Еспресо

(Видео) Марко Пејчиновски ја избричи главата во чест на покојната мајка и како поддршка за сите што се борат со рак

Еспресо

(Видео) По 43 години, истата сцена: Лепа Брена повторно падна на настап изведувајќи го својот препознатлив потег со ногата

Еспресо

(Видео) Маријана, Росана, Дац и Александар ги здружија гласовите: „Засекогаш млади“ е едноставна реченица со исклучително длабока мисла

Еспресо
Се вчитува....