19:35 - 11 април, 2026

Хрватскиот претседател за Северина: Тој случај трае девет години, тоа дете веќе полуде

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на образованието, го посети Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот во Загреб и по тој повод даде изјава за медиумите.

Меѓу другото, тој се осврна и на пресудата на Врховниот суд за случајот со Северина Вучковиќ и старателството на нејзиниот син.

„Случајот ‘Северина’ трае веќе девет години. Тоа момче веќе доби бели влакна, веројатно полуде. Не знам какви се татко му и мајка му, но каде се судовите? Можеби нешто треба да се смени во Уставот. Тоа е сериозна тема“ изјави Милановиќ, пренесе „24 сата“.

Да потсетиме, хрватската пејачка Северина Вучковиќ минува низ повеќегодишна голгота во врска со старателството над нејзиниот син Александар. Пред три дена, Врховниот суд на Република Хрватска повторно ѝ го одзема поделеното старателство и целосно му го предаде на нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ, кој е татко на детето.

Слични објави

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо
Се вчитува....