3.8 C
Скопје
21:16 - 20 декември, 2024

Хју Грант во „Слом“: Кралот на романтични комедии се докажа и како сериозен актер во психолошки трилер

Кариерата на шармантниот британски актер Хју Грант ја обележаа романтичните комедии, а во вистинскиот живот до пред две години важеше за заколнат ерген. На 51 година првпат стана татко, а кога во 2018 година реши да стапи во брак, веќе имаше пет деца.

Освен што влезе во брачните води, Грант престана тврдоглаво да ги одбива телевизиските улоги, па моментално го гледаме во серијата на ХБО – „Слом“. Иако негова партнерка е убавата Австралијка Никол Кидман, далеку е од романтичните комедии во кои сме навикнати да го гледаме, а успехот на овој психолошки трилер може делумно да му се препише на Грант, кој со одличната глума докажа дека е добар актер за сериозни улоги. Според познавачите на неговото дело, оваа промена се должи делумно на промената во приватниот живот.

Никол Кидман и Хју Грант во „Слом“/принтскрин/IMDB

Во една пригода Грант изјави дека е прилично себичен и не го поднесува нередот што го носи семејниот живот и децата. Но, денес тој е татко на пет деца и сопруг. Промените ги навести во едно интервју во 2016 година кога гостуваше кај Хауард Стерн.

Бракот може да е убав ако се ожените со вистинската личност, вашиот најдобар пријател. Но, мислам дека во бракот има нешто неромантично. Се затворате во себе – рече Грант, кој во 2018 година се ожени со телевизиската продуцентка Ана Елизабет Еберстајн.

Во врска со неа актерот беше многу таинствен, а нивната романса почна во 2012 година, кога Ана го роди нивното прво заедничко дете, синот Џон. Тоа беше второ дете за Хју, кој веќе ја имаше едногодишната ќерка Табита, од врската со поранешната партнерка Тинглан Хонг.

Медиумите имаа доказ за врската меѓу Ана и Хју во 2014 година кога открија дека во изводот на родени на Џон, кај ставката „татко“ стои името на актерот. Но, тогаш двојката имаше раскинато. Во меѓувреме Хју го дочека раѓањето на третото дете, вториот син Феликс, но сега повторно со Тинглан Хонг. Љубовта меѓу актерот и продуцентката повторно пламна и во декември 2015 година тие го добија второто заедничко дете, овој пат ќерќа, а оттогаш тие се неразделни. Третото заедничко дете, односно петтото на Грант, Ана го роди на почетокот од 2018 година, а во мај истата година се венчаа на граѓанска церемонија.

Елизабет Харли и Хју Грант/Instagram

Во интервју за магазинот „Хелоу“ минатата година Грант призна дека неговите долгогодишни уверувања дека не сака ниту жена ниту деца биле сосема погрешни и неговото децениско одложување на бракот било премногу долго.

Но одењето на снимање за серијата „Слом“, го видел како одлична можност да побегне од детската врева и викање, па за разлика од колешката Никол Кидман, која во Њујорк дојде со сопругот и со ќерките, тој семејството го оставил во Лондон.

Сепак, набрзо сфатил дека направил огромна грешка и при снимањето се чувствувал грозно.

Се сеќавам дека секоја сцена во која глумев, ме тераше да плачам. Еднаш режисерката Сузан Блер ми рече: „Хју, порачај филџан кафе, можеби солзите не се баш прикладни“ – се присетува тој.
Гостувајќи во „Шоуто на Греам Нортон“, Хју се пошегува дека одлуката да се оддели од семејството, можеби му ја подобрила актерската изведба.

Во текот на кариерата не можев да покажам ниту една емоција, а на старост не можам да ги сопрам. Тоа е нешто што е поврзано со децата или со љубовта, со мојата сопруга или нешто слично, но не можам да му се спротивставам – изјави Грант.

Instagram
Хју Грант и Џулија Робертс/Instagram

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....