11:50 - 12 април, 2026

(Видео) Хаусер свиреше руска песна на Инстаграм, па му ги откажаа сите концерти во балтичките земји

Летниот настап на хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер во Вилнус е откажан, откако на социјалните мрежи сподели видео во кое ја изведува руската народна песна „Калинкa“. Одлуката ја потврдија организаторите за литванските медиуми, по силните реакции во јавноста.

Од концертната агенција „ЛТипс“ информираа дека се повлекуваат сите планирани настапи на Хаузер во балтичките држави, без дополнителни образложенија, посочувајќи дека одлуката е донесена на барање на самиот уметник.

Причината за контроверзијата е видеото објавено на Инстаграм, во кое Хаузер настапува со визуелна позадина од Москва, придружена со симболи и бои поврзани со Русија. Снимката е дел од неговиот проект „Музиката го обединува светот“, во рамки на кој изведува композиции од различни земји.


Објавата предизвика бројни негативни реакции кај дел од неговите следбеници, а најостри критики дојдоа од украинската публика. И покрај тоа што подоцна сподели и изведба на украинска песна, реакциите не се смирија.

Хаузер светска популарност стекна како дел од дуото „2Cellos“, по што изгради успешна соло кариера. Неговите албуми, меѓу кои „Classic“, „The Player“, „Hauser Christmas“, „Classic II“ и „Cinema“, достигнуваат милијарди слушања на стриминг платформите, додека неговите видеа имаат над четири милијарди прегледи.

Во текот на кариерата настапувал во повеќе од 40 земји, во престижни концертни сали како „Радио Сити Мјузик Хол“ и „Ројал Алберт Хол“. Соработувал со светски музички ѕвезди како Андреа Бочели, „Ред Хот Чили Пеперс“ и Елтон Џон, а настапувал и на Венецијанскиот филмски фестивал, како и пред папата Франциск.

Слични објави

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.
Се вчитува....