9.8 C
Скопје
09:07 - 5 ноември, 2024

Го фатила Бекам во кревет со шпанска манекенка: „Во тој момент ми се јави Викторија…“

Ребека Лус, жената која наводно имала афера со Дејвид Бекам во раните двеилјадити, се присетила на тоа дека била „многу повредена“ кога „го нашла во кревет со друга жена“.

Поранешната лична асистентка (46) на популарниот фудбалер тврдела дека била на забава со тогашниот играч на Реал Мадрид (48), кој „се криел на крајот од градината“ разговарајќи со шпанска манекенка, пишува „Пејџ сикс“.

„Тоа болеше“, изјавила Лус за „Дејли мејл“, потсетувајќи се на забавата во куќата на фудбалската легенда Роналдо Назарио на 22 септември 2003 година.

„Забавата беше прекрасна, храната одлична, самба бенд од Бразил и шампањ“, опишала Лус.

Но, нејзината ноќ се превртела наопаку кога сопругата на Бекам, Викторија, му се јавила прво нему, а потоа и на неа. Викторија била вознемирена бидејќи не можела да го добие сопругот на телефон.

„Ѝ кажав дека не знам каде е, но таа инсистираше да го најдам“, ​​раскажала Лус.

Лус се согласила и тргнала во потрага по Бекам. Влегла во куќата и се качила по скалите. Таму ги видела двајцата телохранители на фудбалерот пред вратата. Таа му кажала на обезбедувањето на фудбалската ѕвезда дека неговата сопруга е на телефон, а еден од телохранителите веднаш „исчезнал“ во спалната соба.

„Дејвид се врати со телохранителот, а во позадина видов шпанска манекенка како лежи на креветот. Бев лута и само го погледнав, му го дадов телефонот и реков дека му се јавува сопругата“, изјавила Лус.

Поранешниот капитен на Англија, наводно, тивко разговарал со сопругата, пред да ѝ го врати телефонот на Лус.

„Бев толку повредена… “, продолжила Лус, која пред 20 години работела како пи-ар во Мадрид и била назначена за асистентка на Бекам, откако тој потпишал договор со Реал Мадрид.

Менаџерската компанија за која работела ја префрлила на помалку должности кога се појавила наводната четиримесечна афера.

Бекам ја негираше врската и тврдеше дека во тоа време бил среќно оженет, но никогаш не презел правна постапка против неа.

Покрај Лус, Бекам ги негираше и обвинувањата дека бил со уште неколку жени кои тврделе дека биле во романтични врски со него додека бил во брак.

Новата документарна серија на Нетфликс за Бекамови ја врати Лус во центарот на вниманието по речиси 20 години, а пријателите велат дека таа е фрустрирана што скандалот го загрозил нејзиниот анонимен живот.

Денес, Лус е мајка на две деца и е пресреќна со својот идиличен живот. Имено, таа сега е инструктор по јога и е среќно омажена со норвешки лекар, со кого живеат во близина на неверојатен планински пејзаж.

Слични објави

Хороскоп за 5 ноември: Близнаците ќе привлекуваат со својот шарм, Стрелците ќе доживеат љубовна авантура

Еспресо

(Фото) Исончани и заљубени: Мина јавно му порача „те сакам“ на Огњен Амиџиќ

Еспресо

Петар Грашо искрено: „Јас не сум многу дома, Алба и Тони ќе бидат мамини деца“

Еспресо

Хана Хуљиќ ја напушти болницата: Сè се одвивало во тајност, мајката и бебето се чувствуваат одлично

Еспресо

Луѓето бесни на Сека Алексиќ зошто имала настап по трагедијата во Нови Сад, пејачката веднаш се огласи: „Никој не знае да прегрне кога боли“

Еспресо

(Видео) Најслатко нешто: Марија Шерифовиќ објави видео со синот, малиот Марио не се дели од мајка си

Еспресо
Се вчитува....