00:53 - 13 април, 2026

Глумецот од „Самрак сага“ и неговата девојка пронајдени мртви во стан

Глумецот Грегори Тајри Бојс, кој во „Самрак сага“ го gлумеше Тајлер Кроули, е пронајден мртов на 13 мај, заедно со неговата девојка, 27–годишната Натали Адепоју, потврдиле медицинските истражувачи во Лас Вегас.

Причината за смртта на младиот пар сè уште не е позната.

Twitter

Нивните тела се пронајдени во стан во Лас Вегас во кој заедно живееле, а се чекаат наодите од обдукцијата и токсиколошкото вештачење.

Ги пронашла братучетката на Грегори, на која и било чудно што автомобилот на глумецот сè уште е паркиран пред куќата, во време кога требало да биде во Лос Анџелес.

Според неофицијални информации, во станот е пронајдена „прашкаста супстанција“, пренесува ТМЗ.

Грегори беше најпознат по улогата на Тајлер во познатиот филмски серијал „Самрак“, каде што го глумеше еден од пријателите на Бела Свон.

Го прослави 30-от роденден на 5 декември, а во трогателната роденденска објава призна дека „не верувал дека ќе дотурка до таа бројка“.

Тајри имал во план со својата девојка да отвори ресторан и бил многу зафатен околу тоа.

Неговата мајка се прости од него на Фејсбук со потресни зборови: „Болна сум без тебе. Скршена, изгубена во болката“.

Тајри зад себе ја остави десетгодишната ќерка Алаја, а неговата девојка имала син.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....