15.8 C
Скопје
13:17 - 16 март, 2026

Георгина Родригез објави досега невидена фотографија од породилното одделение

Instagram

Георгина Родригез и Кристијано Роналдо на Инстаграм со прекрасни фотографии го одбележаа третиот роденден на нивната ќерка Алана Мартина.

Instagram
Instagram

Георгина Родригез (26) и Кристијано Роналдо (35) со емотивни објави го прославија денот на раѓањето на нивната ќерка Алана Мартина.

„Пред три години со мојот мал ангел“, напиша Георгина покрај црно – белата фотографија направена веднаш по раѓањето на Алана. Манекенката сподели и слика со Кристијано на која ја храни својата ќерка со шише.

Instagram
Instagram

„Чиста љубов. Оваа фотографија предизвикува многу чувства во мене. Те сакаме, наш животе. Среќни три години”, напиша Родригез.

Многуте фанови беа трогнати од нејзините објави и оставија многу убави коментари: „Прекрасно“, „Колку слатко“, „Малиот ангел“, „Колку мал“, „Толку е лесно да се за вљубиш во оваа малечка убавина“, коментираат тие.

Роналдо на својот Инстаграм профил објави фотографија од Алана под која напиша: „Ти благодарам што влезе во нашите животи и ги исполни со светлина со твојата насмевка. Среќен роденден, моја принцеза Алана. Те сака тато“, напишал фудбалерот.

Instagram
Instagram

Инаку, Алана, која ја доби со Георгина, е најмладата од сите деца. Фудбалерот го има синот Кристијано Јуниор (10) чија мајка не сака да ја открие пред јавноста, близнаците Ева и Матеа (3) кои ги доби со сурогат мајка.

Instagram
Instagram

Фудбалерот е во врска со Родригез околу четири години и тие се верени.

Слични објави

Сопругата на Дарко Лазиќ објави емотивно видео со Драган: „Некои работи му припаѓаат на срцето и тишината“

Еспресо

Цел ден клекни-стани: Сузана Гавазова откри како ја одржува формата

msp-admin

Рене Биторајац, главниот актер од „Свадба“ се јави со необична порака од Лондон

msp-admin

(Видео) Рада Манојловиќ ужива со новиот дечко: Тој е во зрели години, истетовиран и зад себе има еден брак

Еспресо

(Фото) Блага Петреска со емотивен спомен за близок човек кој веќе не е меѓу нас

msp-admin

Момче од Македонија секоја година доаѓа на гробот на Ксенија Пајчин во Белград

msp-admin
Се вчитува....