02:29 - 6 април, 2026

(Фото) Жешко откритие на секси Хрватката: Тетоважа на најинтимниот дел од телото на Нивес Целзиус ги полуди фановите!

Хрватската пејачка и писателка Нивес Целзиус повторно го сврте вниманието кон себе со нова серија провокативни фотографии, на кои, покрај веќе препознатливите заводливи пози, овојпат откри и тетоважа на многу интимен дел од телото.

На фотографиите што ги сподели на социјалните мрежи, Нивес позира во костим за капење, но погледите на публиката беа насочени кон местото под долниот дел од костимот, каде што ѕирка дел од тетоважа чие значење остана мистерија.

Фото: Инстаграм/Нивес Целзиус

„Што пишува долу?“, „Се мачам веќе два часа да откријам што пишува“, „Помогни ни, Нивес“, „Ова досега не сме го виделе“, беа само дел од коментарите на збунетите, но љубопитни следбеници.

Фото: Инстаграм/Нивес Целзиус

Нивес Целзиус, чие вистинско име е Нивес Зељковиќ, неодамна во интервју за хрватски медиуми откри дека има српско потекло. Иако зборува хрватски, како што вели, целото семејство ѝ живее во Србија, а кога е таму, преминува на српски без проблем.

„Па, добро, зборувам хрватски, иако по потекло сум Србинка, и целото мое семејство е во Србија. Кога ќе одам таму и останам подолго време, автоматски преминувам на српски“, изјави Нивес, додавајќи дека не знае како би реагирала јавноста ако на телевизија во соседството се појави водител што зборува српски, па токму затоа таа и натаму се изразува на хрватски.

Во јавноста е позната како Нивес Целзиус – уметничко име што сама си го одбрала, заменувајќи го своето презиме Зељковиќ. Како што објаснува, новото име асоцира на „пораст на температурата“ и совршено го опишува нејзиниот имиџ и стил на настапување.

„Целзиус? Самата се сетив. Им се допадна на другите. Надимакот стана симбол на температура, на мојата појава, на видот на настапи што ги одбирав. А и лесно се памтеше. Така настана Нивес Целзиус“, изјавила таа за Вечерњи лист.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....