6.8 C
Скопје
03:16 - 24 март, 2026

(Фото) „Жешко ми е кога те гледам“: Весна Ѓогани го „запали“ Инстаграм со жешки фотографии од плажа!

Весна Ѓогани повторно ја крена температурата на Инстаграм – овојпат со серија секси фотографии од летниот одмор. Облечена во костим за капење во пастелни тонови, познатата пејачка позираше на лежалка, а фановите веднаш ја преплавија со коментари како: „Ти си за модни списанија“, „Жешко ми е кога ќе те гледам“, „Брутално добра“, „Презгодна си“…

Со пуштена коса и големи очила за сонце со бел рам, Весна изгледаше самоуверено и енергично, покажувајќи дека и понатаму има линија за восхит. Под објавата напиша кратко: „Која?“ – ставајќи ги следбениците на мака да изберат која од фотографиите е најдобра.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Иако во минатото се борела со вишок килограми, Весна денеска изгледа подобро од кога било. Таа откри дека клучот за нејзината форма не е во строгите диети, туку во редовната физичка активност.

„Лани, од многу стрес, имав проблеми со килограмите и нешто на стомакот што не знаев како да го наречам. Но, постојано вежбав“, рече таа.

Весна објасни дека полека ги вовела тренинзите во своето секојдневие – прво два пати неделно, а потоа и три, со се поголем интензитет. Тренинзите, како што вели, ѝ станале стил на живот.

„Најважно е да се слуша телото. Не правев промени во исхраната, туку само се движев повеќе. Здравиот дух и активноста се пресудни“, порачува Весна.

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....