32.8 C
Скопје
12:53 - 30 август, 2026

(Фото) „Жено, зошто се срамотиш вака?“: Јелена Карлеуша го поддржа Вучиќ со ВИ-фотографија

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, откако сподели фотографија направена со вештачка интелигенција во знак на поддршка за митингот на Српската напредна странка (СНС) во Белград.

На фотографијата, која наводно го прикажува просторот пред Собранието на Србија, се гледа огромно српско знаме долго неколку стотици метри и голем број насобрани граѓани. Карлеуша ја објави со опис: „Србија, земја на сите нас“, а во позадина ја додаде песната „Видовден“.

Но, објавата многу брзо стана предмет на потсмев. Корисниците на социјалните мрежи забележаа дека фотографијата содржи очигледна грешка – на местото каде што се наоѓа Булеварот „Крал Александар“ и споменикот на Вук Караџиќ, вештачката интелигенција „создала“ река.

„Вечерва дознав дека со години живеам покрај брегот“, гласи еден од најсподелуваните коментари на социјалната мрежа Икс.

Наскоро почнаа да се шират и бројни фотомонтажи инспирирани од објавата. Некои корисници го поставија Собранието на Србија на морски брег, додека други го „преселија“ до Кипот на слободата во Њујорк.

Карлеуша веќе подолг период јавно ја поддржува политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ и често објавува содржини поврзани со владејачката партија, но овојпат токму употребата на вештачката интелигенција и очигледните визуелни пропусти ја ставија во фокусот на јавноста.

Слични објави

Таен сојузник на принцот Хари и Меган Маркл: Кој е милијардерот што им помага при враќањето во Британија и што ги поврзува со него

Т.Ц.

Аца Лукас доживеал сообраќајна несреќа на патот кон Битола

Еспресо

Зад мегахитот што Тома Здравковиќ го напишал за Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка

Еспресо

Брук Шилдс се вљуби во Хрватска: „Незаборавно патување со најдобрите луѓе“

Т.Ц.

Хороскоп за 30 август: Лавовите ќе бидат расположени, Раковите ќе се фокусираат на комуникацијата

Еспресо

(Фото) Ела Дворник ѝ се извини на Јосипа Лисац затоа што ја нарекла „вештерка“ кога била дете

E.A.
Се вчитува....