01:01 - 8 април, 2026

(Фото) Заработи милиони, па се пофали со патики од 2.000 евра! Александра Пријовиќ носи модел кој го сакаат и Македонките

Српската пејачка Александра Пријовиќ по серијата успешни концерти во целиот регион, одлучила да се одмори и со семејството да отпатува на заслужен одмор.

Со себе ги зела сопругот и синот, а во неколку наврати покажа и како добро се забавуваат. Бидејќи веќе во август ја очекуваат нови концерти, Александра одлучила добро да се одмори. Иако сме навикнати да ја гледаме во гламурозни изданија на сцената, Прија во приватниот живот не крие дека сака да се релаксира во полежерни парчиња.

На новите фотографии Александра опуштено позирала. Пејачката носи џемпер и фармерки, а особено внимание привлекле патиките што ги носела, бидејќи станува збор за многу скап модел.

Станува збор за Брунело Кучинели, луксузен италијански бренд кој е синоним за префинет дизајн и удобност, а моделот што го носи Александра е во беж боја со подебел бел ѓон.

Целосната цена на овие патики е 1.950, а во продажба сега чинат 887, 25 евра.

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....