13:50 - 3 април, 2026

(Фото+видео) Слаткар го освои Њујорк: Се појави реклама за неговиот нов албум на Тајмс свкер

На најголемиот и најпознат плоштад во светот – Тајмс сквер во Њујорк, македонскиот музичар Марко Маринковиќ – Слаткар доби своја видео-реклама, која се појави дури 48 пати во текот на два дена. На билбордот беше прикажан неговиот лик, заедно со кју-ар код преку кој минувачите можеа веднаш да пристапат до неговата музика на онлајн платформите.

Оваа промоција се случува во деновите кога Слаткар го претстави својот најнов албум „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“, кој веќе доби убави реакции од македонската публика. Иако сам ја организирал рекламата преку пријатели од САД и знаел точно кога ќе се појави, Слаткар признава дека сè уште не може да поверува дека неговата музика доби место на „крстосницата на светот“.

„Њујорк е врутокот на мојата култура. Реклама за ‘Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?’ оди на Тајмс Сквер. Сè е можно ако веруваш и сакаш доволно… Ако е некој во близина, нека ја слика или сними убаво. Рекламата се емитува во првите 10 минути од секој нов час. Билбордот е поставен на број 1560 на Булеварот Бродвеј, помеѓу 46-та и 47-ма улица, веднаш над продавницата на Пеле“, напиша Слаткар на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Слаткар
Фото: Инстаграм/Слаткар

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....