13:27 - 10 април, 2026

(Фото+видео) „Да не сме ние лавовите – светот ќе е џунгла“: Златко Јовановски го прослави 30. роденден со гламурозен изглед!

Македонскиот дизајнер Златко Јовановски, познат како ЈЗЈ, го одбележа својот јубилеен 30-ти роденден со интимна, но луксузна вечера во познат скопски ресторан, во друштво на најблиските пријатели и семејството.

Како и секогаш, неговиот моден израз не помина незабележано. Јовановски се појави во црни панталони и бела кошула, преку која носеше црн корсет. Комбинацијата ја заокружи со машна-пеперутка и впечатливо бело палто украсено со кристали кои нежно висеа.

Фото: Инстаграм/Златко Јовановски

Посебно внимание привлече и неговата фризура инспирирана од времето на чарлстонот, за која откри дел од подготовките преку видеа објавени на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Златко Јовановски
Фото: Инстаграм/Златко Јовановски
Фото: Инстаграм/Златко Јовановски
Фото: Инстаграм/Златко Јовановски
Фото: Инстаграм/Златко Јовановски

Најоригиналниот момент од роденденот сепак дојде од неговата сестра, која живее во Италија и му подари табла јајца – секое со посебна порака. Со овој неочекуван, но симболичен подарок, таа внесe хумор во прославата.

Фото: Инстаграм/Златко Јовановски
Фото: Инстаграм/Златко Јовановски

„Да не сме ние лавовите, овој свет би бил џунгла. Некој мора да биде храбар, плус да светка и да сјае,“ напиша Јовановски во една од своите објави.

Слични објави

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin

Погледнете како изгледа скапоцениот стан на Николија во Атина, подарок од мајка ѝ Весна Змијанац

E.A.

Сите мислеа дека е бизнисмен полн со пари – откриено е со што се занимава момчето на Дара Бубамара

E.A.

„Не јаде, не пее, не честита“: Еве како изгледа празникот во домот на Ана Бекута без нејзиниот Мрка

E.A.

Дневен хороскоп за 10 април: Бидете трпеливи

apostolova

Сузана Манчиќ живее во куќа без струја: „Палам свеќи и го ложам шпоретот“

Еспресо
Се вчитува....