10.8 C
Скопје
08:42 - 25 октомври, 2026

(Фото) Тајзи и сопругата Ангела добија син — го открија и името на бебето

Македонскиот музичар Драган Величковски – Тајзи и неговата сопруга Ангела станаа родители.

Двојката доби син, на кого му го даде името Захариј.

Убавата вест Тајзи ја сподели на социјалните мрежи, каде што објави фотографија од сопругата и новороденото синче и откри дека присуствувал на породувањето.

Во емотивната порака, музичарот напиша дека ова е најубавиот ден во нивните животи и ѝ оддаде признание на Ангела за силата што ја покажала при породувањето.

„Ова е најубавиот ден во нашите животи.
Среќата навистина се крие во малите нешта – во еден поглед, еден допир и едно мало срце што ни го промени целиот свет.

Ти благодариме Боже, за најубавиот подарок што можевме да го добиеме.

Бев присутен на породувањето и сега знам зошто мајките се најсилните суштества на овој свет. Ангела, ти се восхитувам повеќе од кога било.

А тебе сине Захариј, ти ветуваме дека цел живот ќе бидеме твоето засолниште, твојата поддршка и твојот дом“, напиша Тајзи.

Фото: Инстаграм/Тајзи

Тајзи и Ангела се венчаа во јули годинава, а околу пет месеци пред свадбата ја објавија и својата свршувачка.

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....