7.8 C
Скопје
21:53 - 1 април, 2026

(Фото) Среде скандалот со Дара Бубамара: Слоба Радановиќ објави фотографија која го потресе светот

Српскиот пејач Слободан „Слоба“ Радановиќ често коментира на актуелни теми, а сега со своите следбеници на Инстаграм сподели сцена која го потресе целиот свет.

Неодамна Радановиќ се најде среде скандал, кога ја најави песната „Infarkt duše“ како свој нов сингл, иако претходно ја снимија и објавија Дара Бубамара и Жељко Николиќ.

Дара Бубамара била шокирана кога сфатила што се случило и го обвинила Радановиќ дека ѝ ја „присвоил“ песната, но Радановиќ воопшто не е потресен од потенцијалните проблеми што би можел да ги има кога ќе ја објави песната.

Радановиќ продолжи да објавува фотографии на социјалната мрежа Инстаграм како ништо да не се случило, но она што навистина го потресе е глетката од Газа која го обиколи светот.

Имено, жителите на Газа веќе шест месеци живеат под израелските бомби, а хуманитарната помош која е неопходна едвај ги покрива основните потреби. Голем број бебиња веќе почнаа да умираат од глад, а Радановиќ реши овој пат да не молчи кога се во прашање децата.

„Палестина е најголемиот концентрационен логор во светот. Речиси 40.000 цивили веќе загинаа. 15.000 деца загинаа. Ги газат со тенкови, снајперисти ги убиваат со пушки, ги бомбардираат, а сега децата и бебињата умираат од глад и жед, бидејќи забрануваат испорака на хуманитарна помош, лекови и храна“, напиша пејачот во описот на шокантната фотографија од неухрането бебе.

Слични објави

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....