15:34 - 3 февруари, 2026

(Фото) Северина во прегратка со мајка ѝ на Бадник: „Каде што е мама, таму е домот“

Хрватската пејачка Северина откри дека Бадник го поминала во друштво на својата мајка Ана, а на социјалните мрежи сподели фотографии на кои двете позираат прегрнати и насмеани.

Опкружени со божиќна декорација, Северина нежно ја прегрнува мајка си, а покрај фотографиите напиша: „Каде што е мама, таму е домот“.

„Еден за нас посебен Бадник“, додаде пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Северина во повеќе наврати има истакнато колку ѝ значи поддршката од мајка ѝ, особено за време на тешкиот период низ кој помина во борбата за старателство над својот син.

„Мамо, среќна сум што токму мене ме роди. Ти си мајка над мајките и моја кралица. Пет месеци беше во кома по моето раѓање, но велиш дека вредело“, изјави Северина претходно.

Мајката Ана застана во одбрана на Северина и по конфликтот со нејзината сестра во 2022 година, кога пејачката беше пријавена по инцидент на аеродромот. Тогаш се појавија информации за семеен судир околу имот, при што Северина се здоби со повреди.

Ана тогаш изјави дека нејзината ќерка Марјана „сама се фрлала“ и дека тоа не било првпат да ја пријави сестра си.

Слични објави

Се породи Милица Тодоровиќ: На свет донесе машко бебе

Еспресо

(Видео) Заборавен хит: Ова е единствената песна што Цеца ја отпеа на странски јазик

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус без грам шминка и само по чипкан градник: „Сонувам дури и кога сум будна“

Еспресо

Фрлена бомба врз домот на Здравко Чолиќ во Белград, полицијата спроведува истрага

Еспресо

По скандалот во луксузниот бутик: Мелина Џиновиќ си го уништила угледот во елитните кругови на Монте Карло?

Еспресо

Едита Арадиновиќ откри како е по раскинувањето: „Помош! Само ова ме враќа во деновите кога бев среќна“

Еспресо
Се вчитува....