04:47 - 9 април, 2026

(Фото) Селена Гомез се мажи! Пејачката направи моминска забава со другарките во Мексико

Светските медиуми пишуваат дека пејачката и актерка Селена Гомез заедно со група блиски пријателки заминала во Кабо Сан Лукас, Мексико, каде што за викендот прославила наводна моминска забава пред својата свадба со музичкиот продуцент Бени Бланко, пишува „Пипл“.

На фотографиите што ги објавија папараците, 33-годишната ѕвезда на серијата „Само убиства во зградата“ (Only Murders in the Building) може да се види во црн едноделен костим за капење и очила за сонце, како ужива на луксузна јахта, танцува и позира за фотографија со пријателките. Подоцна, таа облекла и бели летни панталони за прошетка низ градот.


Додека Гомез се забавуваше во Мексико, нејзиниот свршеник, 37-годишниот Бени Бланко, го помина викендот во Лас Вегас. На социјалните мрежи објави моменти од патувањето: фотографии од спа-центар, вечери со кавијар и богата трпеза, како и посета на ноќниот клуб во еден од најпознатите хотели во градот, каде што настапуваше диџејот Маршмело. Во неговото друштво бил и блискиот пријател, раперот Лил Дики.

Парот ја објави својата веридба во декември минатата година, по повеќе од една година врска. Гомез тогаш напиша на социјалните мрежи „Засекогаш започнува сега“, покажувајќи го прстенот, а нејзината најдобра пријателка Тејлор Свифт веднаш коментираше: „Да, јас ќе бидам девојчето што фрла цвеќе“.

Откако на почетокот на 2024 година официјално ја потврдија својата врска, извори блиски до пејачката тврдат дека таа е „поприсутна и посреќна од кога било“.

„Бени ѝ прави да се чувствува посебно. Таа навистина верува дека никогаш не била толку добро третирана во врска“, открија пријатели за магазинот „Пипл“.

Иако подготовките за свадбата сè уште не се завршени, Гомез неодамна изјави дека е пресреќна што ќе се мажи за Бланко: „Никогаш не сум била толку сигурна за нешто во животот“.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....