13.8 C
Скопје
11:06 - 25 октомври, 2026

(Фото) Се сеќавате на Бали-бег? Омилениот турски актер непрепознатлив, еве како изгледа сега

Турскиот актер Бурак Озџивит го памтиме по улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“, а составен дел од неговиот имиџ и во серијата и во реалниот живот беа неговите мустаќи и брада. Сега тој се одлучи ги избричи и покажа поинаков изглед.

Споделувајќи фотографии на социјалните мрежи, Озџивит го покажа своето лице без брада и мустаќи, по кои беше препознатлив со години. Тој го посети Монако со сопругата Фахрије Евџен и позираа заедно за фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)

Во коментарите напишаа дека некои луѓе го сметаат за непрепознатлив, додека други се прашуваа зошто решил да го промени имиџот и беа доста разочарани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)

Токму изгледот на овој 40-годишен актер придонесе најмногу за неговата популарност, а од неговото прво појавување на ТВ екраните, тој стана омилен кај жените.

Инаку, Озџивит е во брак со познатата турска актерка Фахрије Евџен од 2017 година. Двојката се забавуваше четири години пред да се венчаат, а се запознаа на снимањето на серија каде што играа вљубен пар. Бурак и Фахрије станаа родители во 2019 година, именувајќи го својот син Каран. Тие го добија своето второ дете во 2023 година, уште едно момче, по име Керем.

Слични објави

(Фото) Северина се огласи од Палермо: „Кога си на Сицилија, биди Сицилијанка“

Т.Ц.

Витамините не се најдобрата заштита од настинки и грип, лекар открива што навистина помага

К.С.

Гоца Тржан се присети на дружењето со Тоше Проески: „Имав голема среќа токму со мене да го сними својот прв дует“

Т.Ц.

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.
Се вчитува....