04:28 - 6 април, 2026

(Фото) Милош Биковиќ летува во Турција со семејството: Луксузниот одмор му чини вртоглава сума!

Милош Биковиќ го поминува летото во Турција со своето семејство, и додека тие почесто објавуваат фотографии од дестинација отколку од нив, моментално се пишува за тоа колку чини одморот на актерот.

Имено, како што тврди Гранд, најевтиниот аранжман за 11 ноќевања во овој хотел изнесува вртоглави 18 илјади евра, додека цената за изнајмување приватни вили со неколку спални соби се движи до неверојатни 74 илјади евра.

Фото: Инстаграм/Милош Биковиќ

На неговите фотографии можете да видите базени, спортски терени, приватна плажа, многу зеленило, како и совршено послужена медитеранска храна.

Освен фотографиите од хотелот, Милош закачи и повеќе приватни, па на едната се најде во прегратката на својата избраничка Ивана Малиќ, додека на другата го закачи својот син Василиј како трча низ ова одморалиште.

Фото: Инстаграм/Милош Биковиќ

Биковиќ претходно сподели моменти од својот одмор, за кои нашироко се зборуваше. На патувањата, неговата сопруга обично му прави друштво, додека во коментарите често пишуваат дека се идеален пар.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....