7.8 C
Скопје
10:29 - 1 април, 2026

(Фото) Маја Беровиќ ја покажа тетоважата на интимниот дел од телото: Има голема симболика!

Пејачката Маја Беровиќ отсекогаш важеше за смирена, но нејзината тетоважа на интимен дел од телото секогаш ја интригирала јавноста. Таа повеќепати во костим за капење ја покажа тетоважата на „скриено“ место. Имено, пред неколку години на препоните си истетовирала пиштол.

Инаку, тетоважата со пиштол симболизира личност која не е подготвена на компромиси со властите и општеството. Таквата личност сака сè од животот, без оглед на правилата, нормите, па дури и законот. Носителите на вакви тетоважи не се наивни – напротив. Тие имаат извонредни ментални способности и жед за анализа на настаните околу себе, што често предизвикува збунетост и неприфаќање на нормите и обичаите кои, според нив, не ја одразуваат суштината на човештвото.

Фото: Инстаграм/Маја Беровиќ

Да потсетиме, Маја Беровиќ многу млада зачекори на музичката сцена и тогаш изгледаше сосема поинаку од денес. Еднаш проговори и за тоа што сè има променето на себе:

„Сега ништо не правам. Всушност, откако го оперирав носот, ништо друго не ми падна на памет. Усни и гради. Тоа е тоа, за сега. Ботокс и хијалурон не сум ставала, но не значи дека нема, кога ќе дојде време. Сè уште сум млада“, изјавила таа за „Ало“.

„Кога првпат се појавив, имав 19 години, бев слаба, со црна коса и без веѓи… Кога гледам наназад, ми е смешно и чудно, но не чувствувам срам или непријатност. Тоа сум јас. Кој ме сака, ме сака и таква и ваква. Кој не ме сака, никогаш нема ни да ме сака“, изјавила пејачката.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....