-0.2 C
Скопје
07:01 - 11 март, 2026

(Фото) Кралица на цвеќињата со уметничка душа, пензионерката Невенка ни ги откри тајните на нејзиното цветно царство

Минова Невенка е пензионерка, родена во 1939 година, а има огромна љубов кон цвеќињата и природата.

Вели дека со цвеќиња се занимава од своја 20 годишна возраст.

Невенка има прекрасен двор кој се простира на околу 140 квадратни метри, во Гевгелија, а за сè да биде „цакум пакум“ во ова цветно царство, одговорна е самата таа. Нејзиниот сопруг, за жал, починал пред 19 години и целата грижа за се што е поврзано со домот и дворот е препуштено на неа. Има две сакани ќерки, Бети и Гордана, кои се мажени и имаат свои семејства. Но тие се секогаш тука кога треба да се помогне.

Моментно во дворот на Невенка доминираат петуниите и бегониите.

– Сега, кога е потопло, на дворот се посветувам околу 2- 3 часа секојдневно, и тоа во утринските часови – ни открива оваа пензионерка ос огромна животна енергија.

Омилено цвеќе на Невенка ѝ е лалето, „тоа за мене е нешто божанствено“, вели таа. Затоа и го нацртала на нејзината чешма. Да, добро прочитавте, Невенка има уметничка душа. Всушност, сè што е нацртано на камењата, на старата канта за ѓубре, на чешмата е од нејзина рака.

Што се однесува до предизвиците поврзани со дворот, тоа за Невенка се „дворот да биде убаво среден, добра естетика и симетрија да има меѓу сите предмети во дворот“.

Браво за нашата креативка!

Стигнуваме до советот од оваа искусна „цвеќарка“ за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со градинарство.

– Ако имаат омилено цвеќе нека почнат од него, бидејки секогаш треба да работиме со љубов. Ако не, можат од било кое цвеќе да почнат, бидејќи сите цвеќиња се убави – вели таа.

Инаку, до Невенка стигнавме преку Бети, ќерката на Невенка.

Бети е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од гевгелискиот двор на Невенка.

Фото – приватна архива

(Фото) „Џунгла на цвеќиња“ среде Скопје, а Игор ни открива: „Кога би ви кажал дека имам повеќе од 60 видови цвеќиња, нема да ми верувате!“

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....